Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Почитувани, 

Согледувајќи ги податоците презентитани од страна на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, бројот на заболени во нашата држава се уште е релативно висок. 

Имено, мерките дадени од страна на надлежните институции , периодов е забележано  дека доволно не се почитуваат од страна на нашите сограѓани и воедно упатувам апел до сите граѓани, институции во општина Неготино максимално да ги почитуваме и да се придржуваме до препораките од Министерството за здравство со цел намалување на ризикот од ширење на Корона вирусот. 

Покрај мерките за задолжително носење на маска на места каде не може да се држи растојание, редовно миење или дезинфицирање на рацете, апелирам , граѓаните без поголема потреба да не се собират и групираат во поголем број.

Затоа, потребно е да покажеме највисоко ниво на самосвест и заедничка одговорност, дека знаеме, можеме и умееме да се справиме со овој предизвик.

Почитувајте ги мерките на Владата, бидејќи само така ќе успееме да го заштитиме колективното здравје. 

Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи !
Close Search Window