ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Историски успех на фудбалерите на ГФК Неготино на турнир во Бугарија

Историски успех на фудбалерите на ГФК Неготино на турнир во Бугарија

Екипата на ГФК Неготино учествуваше на меѓународен турнир во Сандански, Бугарија, со вкупно 45 млади фудбалери и 5 тренери, распределени во четири генерации: деца родени 2013-2014, 2015, 2016 и 2018-2019 година.

 

Неготинските  млади таленти постигнаа извонредни резултати и освоија три први места и

едно трето место.

Покрај екипните успеси, беа освоени и пет индивидуални награди:и тоа за најдобар играч, најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар играч на турнирот. Ова претставува најголем успех во историјата на клубот, бидејќи на еден меѓународен турнир ГФК Неготино успеа да освои толку голем број награди.

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на пречекот на фудбалерите и нивните ментори и упати честитки до сите млади фудбалери, тренери и за сите кои беа дел од овој голем успех.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email