Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

ЕНПОЛ –ЕЕ|

                              ПОКАНА
За учество на информативен ден – Општина Неготино

Почитувани,
    Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC Грција-Р.Северна Македонија” , во периодот од 2014 – 2020 година, Општина Неготинo организира инфо ден кој ја обработува темата „Локални потенцијали за производство на енергија од биомаса во Општина Неготино и во прегураничната област”.
Биомасата има значително место во енергетскиот биланс на Република Северна Македонија. Биомасата особено е застапена во домаќинствата, со задоволување на 30–33% од вкупните потреби од енергија. Околу 430.000 домаќинства (76%) користат биомаса за затоплување. Од вкупната биомаса која што се користи за енергетски потреби, дрвото и дрвениот јаглен заземаат 80%.

Овој инфо ден е дел од повеќето планирани активности кои ќе се одржат како дел од овој проект. Со таа цел Ве покануваме да присуствувате на третиот инфо ден на тема „Локални потенцијали за производство на енергија од биомаса во Општина Неготино и во прегураничната област”, кој ќе се одржи на 07.10.2020 (Среда) во Хотел Памела, со почеток од 10:45 часот.
Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним „ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино, Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” – Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .
Во прилог на поканата можете да ја погледнете и агендата.

АГЕНДА

Close Search Window