Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02) и  донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Детален урбанистички план за урбана единица 3, дел од блок 12, општина Неготино (помеѓу улиците  „Едвард  Кардељ“ „Борис Кидрич“ и „ЈНА“)  КО Неготино, Општина Неготино

Граници на опфатот сe: на север и запад по оската на улиците “ЈНА”, на исток по осовината на улица „Борис Кидрич“ и  на југ по оска на улица „Едвард Кардељ“.
Опфатот е со површина  од  1,33 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Детален урбанистички план за урбана единица 3, дел од блок 12, општина Неготино (помеѓу улиците  „Едвард  Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“)  КО Неготино, Општина Неготино  со технички број  3716  од  јануари  2021 година,  е изработен од ДПТУ  ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ  увоз-извоз Кавадарци, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  01.02.2021 година  до 05.02.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03.02.2021 година  во  13:00 часот во просториите на општина Неготино.

ДУП за УЗ 3, дел од блок 12 

Close Search Window