Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

            С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета за ДУП за УЕ  5 дел од блок 16  (помеѓу улиците ,, Владо Арсов Шпанац, ,,Тимјаничка, улица 8-ми Ноември и улица ,,Киро Крстев),   КО Неготино, Општина Неготино

Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Владо Арсов Шпанац”, на југ улица ,, Тимјаничка”, на запад улица “8-ми Ноември” и на исток, улица ,,Киро Крстев”
Опфатот е со површина  од  2,69 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за ДУП за УЕ  5 дел од блок 16  (помеѓу улиците ,, Владо Арсов Шпанац, ,,Тимјаничка, улица 8-ми Ноември и улица ,,Киро Крстев), КО Неготино, Општина Неготино  со технички број  03-47/15 од  јануари 2020 година, е изработен од ДООЕЛ ,,НИМАЕР”  Струга д.е Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Повтотната Јавна  анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  03.02.2021 година  до 09.02.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 05.02.2021 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.

UZ5_DEL OD B16.pdf

Close Search Window