Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  осумнаесеттата   вонредна  седница на Советот на општина Неготино

Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата  на ден 05.02.2021 година ( петок ) во 11 часот . За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог-  Заклучок за усвојување на Извештајот за извршениот годишен попис во општина Неготино
2.    Предлог – Одлука за отпис на застарени обврски во Буџетот на општина Неготино за 2020
3.    Предлог- Решение за одобрување на финансиски средства   

Close Search Window