Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на Програмата  на општина Неготино за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2021 година (Сл. Гласник на општина Неготино), Општина Неготино објавува
ЈАВЕН ПОВИК
 за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, Програма A0-Совет на општина, ставка 463110 – Трансфери до здруженија на граѓани и фондации, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на РМ“, 130/07) и врз основа на Програмата  на општина Неготино за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2021 година и критериумите и приоритетите дадени во овој повик.
Видот на проектите кои ќе бидат поддржани  

Програмски активности на здруженија на граѓани, невладини организации и фондации, во вкупен износ од 200.000,00 денари, преку грантови за проекти од следниве приоритетни области:
• Поддршка на проекти за подигнување на свеста преку кампањи и друг вид на иницијативи (локални акции) за: користење на велосипедот како превозно средство, подигање на свеста за јавната хигиена, начини на загревање на домаќинствата и заштеди преку мерки на енергетска ефикасност,
• Поддршка на проекти од сферата на унапредување на животната средина (загадување на воздухот, водите, почвата, јавни зелени површини, користење на обновливи извори енергија, итн) и ублажување на ефектите од климатските промени,
• Поддршка на проекти и иницијативи за социјално претприемништво,
• Поддршка на манифестации поврзани со заштита на животната средина,
• Поддршка на манифестации за одблежување на денови од областа на здравството,
 • Поддршка на манифестации и настани од важност за општина Неготино,
 • Останати проекти кои се од интерес на општина Неготино.
2. Временска рамка и вкупно предвидени/достапни средства
Средствата се однесуваат за 2021 година. Користењето на доделените средства ќе биде специфицирано во Договорот помеѓу здружението/фондацијата и Општина Неготино.
Вкупно предвидени средства во Програмата  на општина Неготино за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2021 година  се 200.000,00 денари.
Здруженијата на граѓани и фондации доделените средства треба да ги користат исклучиво за намената за која им се доделини.
Најдоцна 30 дена по реализација на проектот здруженијата на граѓани и фондации треба да достават соодветна финансиска документација за потрошените средства до Општина Неготино.
 3. Основни организациски критериуми
Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондации кои учествуваат на овој повик се:
    Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации со седиште во Неготино;
    Да не добиле средства или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.
Проценката на квалитетот на проектите на здруженијата и фондациите кои ги исполнуваат основните организациски критериуми, ќе се врши врз основа на следниве критериуми:
Критериуми    Максимални бодови
1. Организациска структура и ресурси     40
1.1 Дали здружението и фондацијата имаат потребна организациска структура и човечки ресурси за спроведување на проектот (вработени, активни волонтери, хонорарно ангажирани лица, избалансирана застапеност на жените и мажите во организацијата)    10
1.2 Стручни лица кои учествуваат во спроведување на проектот    10
1.3 Дали здружението и фондацијата располагаат со канцелариски простор и техничка опрема за спроведување на проектот    10
1.4 Дали годишниот буџет на здружението и фондацијата за последната календарска година ја надминува висината на грантот    10
2. Кофинансирање на проектот    10
2.1 Дали здружението или фондацијата обезбедува процент на сопствено учество во остварување на проектот    10
3. Квалитет на проектот    50
3.1 Колку општата цел на проектот ќе придонесе кон реализација на дадените приоритети, колку е јасна и соодветно определена    10
3.2 Понудени квалитетни и иновативни решенија во предлог проектот    10
3.3 Обезбедена вклученост на други институции и организации    10
3.4 Дали планот за спроведување на проектот е јасен и остварлив    10
3.5 Дали предложениот финансиски план е реален (описот на трошоци по категории позиции соодветствува со пазарните цени)    10
Секоја област од посебните програмски критериуми ќе се вреднува со 1 бод, 5 бода или 10 бодови, со следното значење: 1-не, 5-делумно и 10-да.

5. Потребна документација која здружението/фондацијата треба да ги достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации
Покрај Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации која треба да биде пополнета (со печатни букви во кирилско писмо), потпишана од застапникот на здружението или фондацијата и заверена со печат на здружението или фондацијата здружението или фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:
• Статут на здружението или фондацијата;  
• Фотокопија од решението за регистрација на здружението или фондацијата;
• Предлог проект;
• Извештај за добиените средства од Буџетот на Општина Неготино во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација (доколку организацијата била корисник на средства доделени од Буџетот на Општина Неготино за 2020 година);
 • Годишен извештај на здружението или фондацијата за 2020 година;
• Фотокопија од последната завршната сметка.
Здруженијата на граѓани и фондации можат да поднесат само една пријава за финансиска поддршка за проект или манифестација.
Напомена: Пријавите со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат! Доставените прилози не се враќаат.
6. Рок и начин на доставување на пријавите
Рок за поднесување на пријавите е до 15.03.2021 година до 15 часот.
7. Период на реализација на проектите
До 1 (први) декември 2021 година
 Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, во затворен коверт на адреса: Општина Неготино, ул.Ацо Аци Илов бр.2 Неготино, со назнака до Комисија на советот на општина Неготино, за јавни дејности-Пријава за јавен повик.
Преку архивата на Општина Неготино (со назнака – до Комисија на советот на општина Неготино, за јавни дејности – Пријава за јавен повик).
 Здруженијата или фондациите учеснички на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите во рок од 10 дена од денот на донесување на Одлуката на Советот на општина Неготино за распределба на средства од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации.
Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации е достапна на интернет страната на општина Неготино,  http://www.negotino.gov.mk/.

Пријава 

Close Search Window