Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  дваесет  и четвртата   вонредна  седница на Советот на општина Неготино

Вонредната седница ќе се одржи во Салата на општина Неготино   на ден 17.06.2021 година ( четврток  )  во 12 часот . За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог-  Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2021 година
2.    Предлог-  Правилник за утврдување на плати, додаток на плати и надоместоци на плати на вработените кои вршат административно- технички работи и помошни работи во општина Неготино   
3.    Предлог- Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
4.    Предлог- Одлука за давање согласност на Правилник за систематизација на работните места на ЈОУДГ „Фемо Кулакјов“ Неготино
5.    Предлог- Одлука за давање согласност на Правилник за начела на внатрешна организација на ЈОУДГ „Фемо Кулаков “ Неготино
6.    Предлог- Одлука за давање на согласност на Статутот на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино
7.    Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош

Close Search Window