Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 24 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10 и 18/11год.)   Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното

                                  С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот Нацрт-  Урбанистички план вон населено место за изградба на сончеви фотоволтаични централи на дел од КП 1086/1 КО Неготино м.в. Раткин дол  Општина Неготино,   дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање    на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По   Нацрт-  Урбанистички план вон населено место за изградба на сончеви фотоволтаични централи на дел од КП 1086/1 КО Неготино м.в.Раткин дол  Општина Неготино, со  проект број 62/11 од 2011год., изработен од  Друштво за градежништво, трговија и производство ,,Прекан проект,, Прилеп.
       Нацрт-  Урбанистички план вон населено место за изградба на сончеви фотоволтаични централи на дел од КП 1086/1 КО Неготино м.в.Раткин дол  Општина Неготино, со  проект број 62/11 од 2011год., изработен од  Друштво за градежништво, трговија и производство ,,Прекан проект,,  е утврден од Советот на Општина Неготино на    седница  одржана на 01-11-2011   год.

Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од   07-11 -2011 до    21-11-2011 год.  секој работен ден од 08до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на  17-11 -2011  год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.

Close Search Window