ЈАВЕН ПОВИК
за прибирање на предлози за инвестициони/бизнис планови
за подобрување на инфраструктурата, модернизација
и развој на Општина Неготино
1. ПРЕДМЕТ НА ПОВИКОТ
Предмет на повикот е прибирање на предлог идејни решенија т.е. инвестициони / бизнис планови за подобрување на инфраструктурата, модернизација и развој на Општина Неготино.
2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ПОВИКОТ
Право на учество на повикот имаат сите правни лица од бизнис и граѓанскиот сектор од општината, регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на повикот;
3. ЦЕЛ НА ПОВИКОТ
Целта на повикот е вклучување на бизнис и граѓанскиот сектор во процесот на планирање и реализација на активности со цел создавање на клима за инвестиции кои ќе се однесуваат на санирање и модернизација на постоечките и изградба на нови инфраструктурни објекти во определени зони на подрачјето на општината, односно:
– комплекс СРЦ “Младост”
– градски плоштад
– спортска сала “Младост”
– паркови површини
– градски стадион
– детска градинка
– градски пазар
– објекти и површини во руралните средини
– други делови од градот и општината.
Исто така една од целите на повикот е произлегување на идни соработки помеѓу два или повеќе субјекти, како што се доделување на концесии, јавно-приватни партнерства и сл.
4. УСЛОВИ
– Право на учество на јавниот повик имаат сите правни субјекти од бизнис и граѓанскиот сектор од Општина Неготино.
– Крајниот рок за поднесување на предлозите за инвестициони/бизнис планови е 30 септември 2022 година, до 16.00 часот.
– Доставените предлози ќе бидат доставени на увид пред јавноста, со цел избор на најсоодветните решенија.
5. НАЧИН НА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА ИНВЕСТИЦИОНИ/БИЗНИС ПЛАНОВИ
ПРЕДЛОЗИТЕ треба да содржат план за инвестиција, превземени обврски на инвеститорот и утврдено барање за превземање на обврски од страна на општината.
5.1. Бизнис план за инвестирање
Бизнис планот за инвестирање треба да биде детално разработен со конкретна динамика на предвидените активности, кој ќе содржи:
– точно утврдени обврски кои ќе ги превземе инвеститорот;
– прецизирани обврски кои инвеститорот ги очекува од општината.
6. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИТЕ
– Предлозите покрај во хартиена форма можат да се достават и во електронска форма на e-mail: info@negotino.gov.mk
– Документацијата да се достави по пошта на адреса: Општина Неготино, ул. Ацо Аџи Илов бр.2, или лично во архивата на Општина Неготино, најдоцна до 30.09.2022 година до 16:00 часот.
7. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
– Со учество на повикот изготвувачот на предлогот за инвестиција ги прифаќа условите на повикот,
– Општината го задржува правото да врши измени во предлозите, или воопшто да не ги прифати истите.
– Со цел подобрување на квалитетот при изготвување на предлозите, општината се обврзува на учесниците на повикот да им овозможи пристап до соодветната документација со што ќе се прецизира опфатот кој е предмет на повикот за избор на инвестиција и посета на локацијата.