Денес заедно со директорот на Центар за развој на Вардарски плански регион, Сашо Мошев го потпишавме договорот на набавка на специјализирано возило за одржување на хигиената како дел од проектот „Развој и унапредување на условите за одржување на чиста и здрава животна околина преку набавка на специјализирано возило за одржување на хигиената на јавните површини во општина Неготино“.
Средствата за набавка на возилото во висина од 6.667.000 денари се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година.