Денеска имав пријатна можност да се сретнам и да се задржам во разговор со кошаркарките на ЖКК Спорт тим-Неготино-првиот официјално регистриран женски кошаркарски клуб од општина Неготино. Од страна на тренерот Игор Шарац бев информиран дека во клубот тренираат над 130 кошаркарки распоредени во 4 селекции, тренинзите се одржуваат секој ден и во втората година од постоењето на клубот се натпреваруваат на државно ниво во различни категории. За поздравување е податокот дека 3 кошаркарки од генерацијата 2010 г. беа повикани и учествуваа на камп во Маврово во организација на Кошаркарската федерација на Македонија. Ја искористив можноста да им посакам успех во нивните кариери и им ветив дека ќе се разгледаат можностите за потенцијална финансиска поддршка од општина Неготино за непречено функционирање на клубот.