Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт- Урбанистички план за село Војшанци опфат 1 во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По Нацрт- Урбанистички план за село Војшанци опфат 1 во Општина Неготино   тех број 09/11 од фебруари 2012 год.   изработен  од  Снегер Компани дооел Охрид е утврден од Советот на Општина Неготино на    седница одржана на 29-06 -2012   год.

Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Месната заедница Војшанци во с. Војшанци Општина Неготино, 15 работни  дена од 05-07-2012 до 25-07-2012 год.  секој работен ден од 08до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 12-07-2012  год.во  просториите на месната заедница на село Војшанци во 13 часот.  

Close Search Window