Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела кп 8118/1-16 КО Неготино Неготино во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела кп 8118/1-16 КО Неготино Неготино во Општина Неготино   тех број 25/2012 од јуни 2012 год.   изработен  од  ,,ИНТЕР ИНВЕСТ ИНГ,,   доо Скопје, е утврден од Советот на Општина Неготино на    седница одржана на 29-06 -2012   год.

Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 5 работни  дена од 06 – 07-2012 до   11-07 -2012 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 11-07-2012  год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.

Close Search Window