Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во петок на 24 февруари, во просториите на ООУ„ Гоце Делчев“ во Неготино, со почеток во 14:00 часот ќе се одржи првата форумска сесија на која можат да присуствуваат, дебатираат и да даваат сопствени предлози сите заинтересирани граѓани од нашата општина. Имено, локалната самоуправа Неготино во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ почнува со реализација на Форуми на заедницата. Програмата „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ ја финансираат Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери. Се покануваат граѓаните на општина Неготино да присуствуваат и учествуваат на проектниот Форум во заедницата каде со свои идеи и предлози самите ќе може да одлучат кои се приоритетните потреби за подобрување на квалитетот на живот во нашата општина.

#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети #EMC2 #CitizensComeFirst #CHinMK

Close Search Window