Градоначалникот на општина Неготино на ден 29.08.2012 година го објави следниот
ЈАВЕН ПОВИК
1. Општина Неготино во согласност со Програмата за активности во областа на социјалната заштита за 2012 година донесена од Советот на општината ќе отпочне со спроведување на проект за функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во рурални средини (Војшанци) преку вработување на 1 лице на определено време.
2. Се известуваат сите лица кои што се заинтересирани за учество во спроведувањето на горенаведениот проект и ги исполнуваат доленаведените критериуми најдоцна до 05.09.2012 година (среда) да достават пријава за заинтересираност со биографија (CV) до општина Неготино заедно со бараните документи како доказ за исполнување на критериумите.
3. За да можат да достават пријава за заинтересираност потребно е секое лице да ги исполнува следните критериуми:
– Да е државјанин на Република Македонија;
– Да има завршено VI или VII степен на образование, Педагошки факултет – предучилишна или одделенска насока;
4. Избор на пријавените лица ќе го спроведи комисија во рамките на општината.
ОПШТИНА НЕГОТИНО