Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На четвртата по ред форумска сесија во рамките на проектот Зајакнување на општинските Совети-фаза 2 што ќе се одржи во просториите на ООУ„Гоце Делчев“ во чествток со почеток од 13,00 часот, учесниците ќе ја донесат конечната одлука кој од петте предложени проекти ќе се реализира во општина Неготино, по што ќе се усвојат и препораките од Форумот до локалната самоуправа за преземање на следните чекори. Инаку, спроведувањето на проектот „Форуми во заедницата“  се реализира во соработка со УНДП и Швајцарската Агенција за развој и соработка, ја финансираат Швајцарската Влада Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) UNDP MK во соработка со национални и локални партнери, во случајот со општина Неготино.

Close Search Window