Со цел за подобрување на водоснабдувањето на дел од жителите кои живеат во овој дел од градот, на улицата „Димче Мирчев“ работници на ЈП„Комуналец“ интензивно работат на поставување на нови водоводни приклучоци до 31 објект за домување. Приклучоците се поставуваат на реконструираната водоводна мрежа на која предходно старата и дотраена инсталација од азбестно-цементни цевки кои предизвикуваа загуби на водата за пиење беше заменета со нова линија со поставување нови полиетиленски цевки Ф-110. Во моментов „комуналци“ работат на поставување на приклучоците до водоводните шахти до 31 куќа, со што ќе се придонесе тамошните жители да имаат редовно и квалитетно водоснабдување. По завршувањето на овие активности, директорот на „Комуналец“ Митко Ѓорѓиев најави поставување нови приклучоци за водоснабдување до објекти за домување на улиците „Душан Јуруков“ и „Ленинова“.