Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Локална самоуправа Неготино ги известува сите заинтересирани  правни и физички лица дека можат да доставуваат предлози за доделување на Општинските награди по повод празникот на општината – 8-ми Ноември. Можат да се доставуваат предлози за почесен граѓанин на Неготино, за наградата за животно дело, наградата 8-ми Ноември и признанија по повод празникот 8-ми Ноември. Предлозите кои треба да бидат во писмена форма потребно е да содржат и образложение за предложените физички или правни лица предложени за добивање на награди и признанија. Предлозите се доставуваат до Комисијата за награди и признанија при Советот на општина Неготино најдоцна до 22 октомври, 2012 година.
Close Search Window