Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Благодарение на ангажирањето на одговорните во општина Неготино обезбеден е гребен асфалт од реконструкцијата на делницата од автопатот. Исто така општината ангажираше и превоз за транспорт на истиот до локациите каде што истиот ќе се поставува. Со поставување на гребен асфалт се започна во селата Тремник, Војшанци и Цр. Брегови, а по завршувањето на тамошните активности, со поставување на гребен асфалт се продолжува во Тимјаник, Д.Дисан и Г.Дисан.
Со овие активности придонесуваме за подобрување на патната инфраструктура во населените места во општина Неготино.

                          

Close Search Window