Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Урбанизам|

Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2023 година  од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

за јавен увид за

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани на КП 469, КП 470 и КП 486, КО Војшанци, општина Неготино

 

Граници на проектниот опфат се:

– на југоисток – КП 489/1, КП 487 и КП 488, КО Војшанци

– на северозапад – КП 485, КО Војшанци

– на североисток – КП 489/1, КО Војшанци

– на југозапад – КП 467, КО Војшанци

 

Опфатот е со површина  од  14974,2145 м2 (1.49 ха).

Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 23.08.2023 до 06.09.2023 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.

Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.

Анкетен лист за Јавен увид

6а.УП за КП 469,470 и 486-КО Војшанци_compressed-1

Close Search Window