Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу општина Неготино и претставници на добротворната фондација (ТX) ТИЕКС за реновирање на зградата на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ и подобрување на условите за одвивање на образовно-воспитниот процес, на терен се започнати градежните активности на зградата на неготинското средно училиште.
Партнерите одлучија да соработуваат во областа на реновирањето и подобрувањето на зградата на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ особено во делот на извршување поправки и изолација на централниот покрив на училиштето, галериските прозорци и поправка на зидови.
За оваа намена обезбедени се средства во висина од 109.240 евра кои целосно ќе бидат употребени за изведување на предвидените градежни работи.
Close Search Window