Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Како и минатата, така и оваа година општина Неготино од сопствениот Буџет ќе издвои финансиски средства за доделување на екнократна парична поддршка во висина од 3.000 денари за секое прваче согласно Програмата за образование на локалната самоуправа за 2023 година. Веќе е познат бројот на учениците кои во септемрви за прв пат ќе седнат во училишните клупи, а во тек е изработка на техничката документација и потребните податоци за префрлање на средствата на трансакциските сметки на родителите-старателите на првачињата. Штом ќе се изврши трансферот на средствата, граѓаните ќе бидат навремено и точно информирани.

Close Search Window