Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Синоќа (30.08.) на градскиот плоштад во Неготино се одигра машкиот дел на 14-тото издание на турнирот во улична кошарка “Streetball” кое и оваа година изобилуваше со квалитетна кошарка и неизвесни натпревари. Учесници на турнирот беа најдобрите 3×3 екипи во државта, кои понудија врвна кошарка, многу атрактивни моменти и пред се добра забава за гледачите.
Победник на турнирот е екипата на “Фламинго” од Гевгелија која во финалето ја совлада екипата на “Кино Влае” од Скопје и ја освои првата награда на турнирот. Третото место го освои екипата на “Неготино”, која во малото финале ја совлада екипата на “Партизан”. Претходно, во женска конкуренција првото место на турнирот го освои екипата на “Спалдинг”, пред екипите на “Вилсон ” и “Молтен”, сите од Неготино.
Вечерва во рамките на ревијалниот дел од турнирот ќе биде одигран пријателски натпревар на ветерани, а ќе бидат организирани и натпревари во шутирање на тројки и слободни фрлања.
Екипите кои настапија на турнирот упатија благодарност до Општина Неготино и КК “Спорт Tим” за беспрекорната организација и го најавија своето учество за наредната година.

 

Close Search Window