Општина Неготино потпиша договор за обезбедување средства за реконструкција на улица во населено место Криволак

Денеска беше потпишан договор помеѓу општина Неготино и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со кој се уредуваат меѓусебните обврски во делот на реализацијата на проектот „Унапредување на животниот стандард во Вардарскиот плански регион преку подобрување на патната инфраструктура во општина Неготино и три други општини“. Вкупната вредност на проектот изнесува 3.547,995 денари, додека […]
СТАНЕТЕ ДОМАЌИНИ НА ВОЛОНТЕР ОД МИРОВНИОТ КОРПУС!

Општина Неготино ги повикува сите заинтересирани семејства да се пријават за домаќини на волонтер од Мировниот корпус на САД. Отворете го вашиот дом за нови пријателства, културна размена и незаборавно животно искуство. Волонтерите ќе живеат и работат во нашата заедница, придонесувајќи за нејзиниот развој и зближување со светот. Едно семејство. Едно искуство. Една приказна што […]
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦА ВО СЕЛО ТИМЈАНИК, СО НАМЕНА Е1.1-СООБРАЌАЈНИ ПАТНИ ИНФРАСТРУКТУРИ, ВО ОПШТ АКТ ЗА С.ТИМЈАНИК, ОПШТИНА НЕГОТИНО
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦА ВО СЕЛО ТИМЈАНИК, СО НАМЕНА Е1.1-СООБРАЌАЈНИ ПАТНИ ИНФРАСТРУКТУРИ, ВО ОПШТ АКТ ЗА С.ТИМЈАНИК, ОПШТИНА НЕГОТИНО
Завршна приредба на идните првачиња од Детската градинка „Фемо Кулаков“

Во преполнетата спортска сала Младост се одржа завршната приредба на Детската градинка Фемо Кулаков од Неготино на која настапија дечињата од трите клона, што претставуваше испраќање на една нова генерација идни првачиња од градинката кои од септември ќе тргнат на училиште, за прв пат ќе седнат во училишните клупи и ќе ги започнат своите училишни […]
Градоначалничката Нацева присуствуваше на „Денот на спортот“ – „Спортски игри за млади“

Со учество на ученици од училиштата од општина Неготино, градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева денеска присуствуваше на најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа кој за прв пат се организира во Република Македонија. Станува збор за натпреварување на кое учесниците се натпреваруваат во различни дисциплини при што секоја од нив донесе […]
Кошаркарките на ЖКК Спорт Тим од Неготино се вицешампионки во М-16 лигата на Македонија

Честитки за кошаркарките на ЖКК Спорт тим од Неготино за освојувањето на второто место на фајналфорот што се одржа во Неготино во рамките на натпреварите во М-16 лигата за жени на Македонија. На турнирот покрај неготинската, учество зедоа и екипите на Вардар од Скопје, Пробаскет од Кавадарци и Петровски од Битола. 👏Во полуфиналето ЖКК Спорт […]
Жителите на Тремник добија реконструирана и асфалтирана улица во должина од 832 метри

По долги години чекање, жителите на Тремник добија нова, современа, модерна и според сите стандарди реконструирана и асфалтирана улица во должина од 832 метри и ширина од 5,5 метри. Со завршувањето на овој инфраструктурен зафат – „Реконструкција на улица 1 во Тремник“, на жителите им е олеснато секојдневното движење, зголемена е безбедноста на учесниците во […]
Со асфалтирање заврши реконструкцијата на ул „29-ти ноември“ во должина од 724 метри

Општина Неготино во соработка со Министерството за транспорт ја заврши реализацијата на еден исклучително комплексен зафат кој се однесуваше на реконструкција на улицата „29-ти ноември“ во нашиот град. Имено, градежни активниости се одвиваа на 3 краци од оваа улица и тоа во првата фаза се изврши промена на комплетната канализациона и атмосферска мрежа, а се […]
УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО Измена и дополна на УПВНМ за лесна индустрија на дел од КП 556, КО Црвени Брегови 2, дел од КП 678, КП 679, KП 680, дел од КП 681, КП 762, КО Криволак, дел од КП 1000/1, дел од КП 1006/2 и дел од КП 4178/1, КО Неготино, Општина Неготино
УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО Измена и дополна на УПВНМ за лесна индустрија на дел од КП 556, КО Црвени Брегови 2, дел од КП 678, КП 679, KП 680, дел од КП 681, КП 762, КО Криволак, дел од КП 1000/1, дел од КП 1006/2 и дел од КП 4178/1, КО Неготино, Општина Неготино
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 4(четири) извршители за потребите на проектот „ElderCare”
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 4(четири) извршители за потребите на проектот „ElderCare”