По повод Новогодишните и Божикните празници и празникот Богојавление – Водици, Општина Неготино ги известува сите правни и физички лица кои се заинтересирани за изназмување на продажен штанд на претходно утврдени локации и поставени монтажно – демонтажни обіекти,поставени од страна на Општина Неготино во центарот на градот (Градски Плоштад), за периодот од 10.12.2024 година, па заклучно со 20.01.2025 година, дека можат да поднесат Барање до Општината за одобрување на некоја од дефинираните локации и тоа од 10.12.2024 година па се до исполнување на локациите.
Сите заинтересирани баратели, потребно е да поднесат Барање до Одделение за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Неготино, за што ке биде одреден временскиот период на изназмување на штандот, по претходно платена административна такса за поднесување на барањето, како и утврден и платен надоместок за закуп на јавен простор/објект во висина од 700 денари на ден . Корисникот на продажен штанд има обврска да ги плати режиските трошоци за електрична енергија во износ од 700 денари на ден за нормално функционирање на обіектот, на начин кој ке биде утврден во договорот за утврдување на условите за изнајмување и користење на продажен штанд, кога ке биде склучен помегу Општината и корисникот. Доколку барањето сеподнесува за изназмување на продажен штанд за храна, во тој случај е потребно да се земе во предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува согласно на истиот.
Барателите можат да изнаімат продажен штанд за продажба на:
- Греано вино
- Храна
- Печени костени
- Крофни и палачинки
- Кафе и топли напитоци
- Новогодишни пакетчиња
- Новогодишни честитки
- Сувенири и ракотворби
- Детски играчки
- Фотографија
Поставените монтажно – демонтажни обекти, кои ке бидат изнајмени од страна на правни и физички лица, ке имаат можност да бидат со работно време од 10:00 до 22:00 часот, секој ден, во временскиот период од 10.12.2024 година до 20.01.2025 година.
Одредуването на локацијата со продажен штанд ке се спроведе по принципот „Прв доіден, прв услужен”.
* Напомена: Строго е забрането поставуване на призводи надвор од изнајмениот објект.