Денеска во салата за состаноци на локалната самоуправа во присуство на голем број родители со принови во семејствата, градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева им додели вкупно 38 вредносни ваучери во висина од 7.000 денари за новороденчиња од општина Неготино. Потребните финансиски средства во износ од 266.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а ваучерите се доделија за новороденчиња родени во првите три месеци од тековнава 2026 година ( јануари, февруари и март ).
Станува збор за финансиска поддршка која општина Неготино ја доделув во континуитет како поддршка за младите родители, а можноста да им се обрати, градоначалничката Нацева ја искористи да им ги честита приновите и на сите во семејствата да им посака добро здравје и среќа.. Родителите изразија благодарност за поддршката што ја добија од општина Неготино.



