Со учество на ученици од училиштата од општина Неготино, градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева денеска присуствуваше на најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа кој за прв пат се организира во Република Македонија. Станува збор за натпреварување на кое учесниците се натпреваруваат во различни дисциплини при што секоја од нив донесе многу возбудувања и неизвесност, а најважно од се, сите учесници испишаа нова и успешна спортска приказна.
Покрај спортската димензија, проектотј има и социјален карактер бидејќи на овој начин преку спортување и другарување младите се поврзуваат, се запознаваат и забавуваат, учат за тимската игра и фер-плејот, а секако крајната цел е остварување на што е можно подобри спортски резултати.
Градоначалничката Нацева истакна дека денеска и учениците од општина Неготино беа дел од новото поглавје за младинскиот спорт во земјава и тие заедно со нивните врсници се натпреваруваа учејќи притоа за важноста на физичката активност и соработката и го доживеаја спортот како безбедна и охрабрувачка средина.
Преку одржувањето на овие квалификациски натпревари, најдобрите ќе обезбедат пласман и учество во големото финале кое ќе се одржи во месец август во Република Хрватска со учество на натпреварувачи од 5 држави од регионот.



