Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева на сите пожарникари од ТППЕ-Неготино и ДПД Повардарец им упати срдечни честитики по повод 20-ти мај Меѓународниот ден на пожарникарите.

Активностите за одбележувањето на празникот кои се одвиваа под мотото „ Храброст-пожртвуваност-човечност “ започнаа со формирање колона од противпожарни возила кои со вклучени сирени се движеа долж главната улица Маршал Тито поздравувани од граѓаните како признание за сите пожарникари кои секојдневно со храброст и несебично залагање ги штитат нашите животи, имот и заеднички добра.

Во кругот на ТППЕ-Неготино во присуство на голем број гости и дечиња од Детската градинка „Фемо Кулаков“ од страна на пожарникарите беше извршено претставување на возилата и опремата за гаснење на пожари, демонстрација на чинот на гаснење пожар и други активности од делокругот на работа на пожарникарите.

На сите пожарникари градоначалничката Нацева им посака да имаат што е можно помалку работа, а доколку ја имаат, ефикасно да ги спроведуваат сите мерки и активности, пред се, за спречување на настанување пожари, гаснење на пожари и спасување на луѓе,имоти и вредности загрозени од пожари, елементарни непогоди и други несреќи.

Close Search Window