Во саботата (13.05.) во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” заврши програмата на вториот интернационален фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”. Извонредната претстава “Беба” која што актерите Мирна Медаковиќ Степинац и Љубомир Керекеш од театарот “Керекеш” од Република Хрватска ја одиграа пред неготинската публика беше наградена со овации на крајот од претставата. Претходно во рамките на фестивалската програмата беа одиграни уште три претстави во официјалната конкуренција и една детска претстава, која беше масовно посетена од учениците на двете основни училишта.
На крајот на фестивалот беа доделени и наградите за најдобрите актери и претстави на фестивалот:
– Наградата за најдобра женска улога на фестивалот и беше доделена на Биљана Драгичевиќ Пројковска, за улогата во претставата “ЗА НАС ПОЧНУВА ЖИВОТ” во режија на Дејан Пројковски, Република Македонија.
– Наградата за најдобра машка улога на II – Интернационален фестивал на дуодрама БРАНКО ЃОРЧЕВ – Неготино, беше доделена на Љубомир Керекеш за улогата на молерот во претставaта “БЕБА”, Република Хрватска.
– Наградата за најдобра претстава ја доби на претставата “БРАЧНА КОМЕДИЈА” во режија на Иван Томашевиќ во продукција на “СЦЕНА МАСКА” од Република Србија.
– Наградата “БРАНКО ЃОРЧЕВ”, за најдобра партнерска игра им беше доделена на Бобан Алексоски и Лео Поповиќ, за улогите во претставaта “CANDY” во режија на Тамара Стојаноска во продукција на Театар “Златен Елец”, Република Македонија.
Наградите на најдобрите учесници на фестивалот им ги врачи градоначалникот на Општина Неготино, г-нот Горан Стојанов.