ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ контролна листа на
План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на улица „ЈНА“ во Неготино, Општина Неготино,
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Неготино аплицираше со проект за реконструкција на улица „ЈНА“ во Неготино, Општина Неготино.
Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Неготино (http://www.negotino.gov.mk/) на 25 Септември 2020.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Министерството за транспорт и врски
ESMP Checklist_ Project Negotino_ENG_25.9.20_SPA.doc
ESMP Checklist_ Project Negotino_MK_9.9.20_SPA.doc
Formular za komentari na dokument za Negotino.doc