ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Денеска, среда 15.04.2026 г. ќе се одржи средба со земјоделците во Криволак и Тимјаник

Денеска, среда 15.04.2026 г. ќе се одржи средба со земјоделците во Криволак и Тимјаник

Во рамките на кампањата што Министерството за земјоделство ја реализира под мотото „ Гласот што го слушаме – најдоброто од Македонија “ преку директни средби со земјоделците, денеска среда 15-ти април тимот на Министерството ќе одржи средби со земјоделците од Криволак со почеток од 17,00 часот и во Тимјаник со почеток од 18,00 часот на кои присутните ќе имаат можност преку дирелтна комуникација и разговори да даваат предлози, мислења и сугестии до претставниците на надлежните институции.

На денешните средби со земјоделците во Криволак и Тимјаник ќе присуствиваат и активно учество ќе земат директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развојДаниела Иротова Лазарева, директорот на Управата за водостопанство Ромео  Тренов и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов.

На средбата се покаанети и добредојдени сите земјоделци од општина Неготино.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email