Денеска беше потпишан договор помеѓу општина Неготино и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со кој се уредуваат меѓусебните обврски во делот на реализацијата на проектот „Унапредување на животниот стандард во Вардарскиот плански регион преку подобрување на патната инфраструктура во општина Неготино и три други општини“.
Вкупната вредност на проектот изнесува 3.547,995 денари, додека општина Неготино преку кофинансирање ќе учествува со средства во висина од 1.010.496 денари.
Обезбедените средства од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и од општина Неготино ќе бидат наменети за реконструкција на улица во населеното место Криволак



