Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Денес во Музејот на град Неготино имав пријатна можност како градоначалник на општина Неготино да ја отворам изложбата ,, Средновековен накит во Тиквеш ” подготвена од повеќе установи на општинско, регионално и државно ниво. На изложбата се претставени археолошки откритија од 15-тина локалитети лоцирани по течението на реката Вардар.
Овие локалитети внимателно и систематски се истражувани од голем број македонски археолози од повеќе институции и истите се публикувани во бројни стручни и научни трудови.
На изложбата можевме да видиме повеќе од 150 наоди средновековен накит од бронза, сребро, стаклена паста во разни занаетчиски техники на филигран, гранулација, со посребрување и позлатување и слично. Сите овие наоди се внимателно и во детали обработени и систематизирани во каталог од изложбата.

Close Search Window