ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости• Соопштенија

АМБИЦИИТЕ НА РК ВАРДАР – НЕГОТИНО ЗА ВРАЌАЊЕ ВО СУПЕР ЛИГАТА СТАНУВААТ РЕАЛНОСТ

АМБИЦИИТЕ НА РК ВАРДАР – НЕГОТИНО ЗА ВРАЌАЊЕ ВО СУПЕР ЛИГАТА СТАНУВААТ РЕАЛНОСТ

Извонредно значајна победа на гостувањето во Скопје на екипата на Македонија Ѓорче Петров остварија ракометарите на Вардар од Неготино со што се зголемуваат шансите за остварување на главната цел – враќање во елитната лига на македонскиот ракомет.

Имено, во натпревар со драматична завршница РК Вардар славеше гостинска победа со резултат 28-27 и со тоа го зголеми бодовното салдо со 2 нови бодови.

По 8 одиграни кола во Првата ракометна лига РК Вардар е на делба на првото место со екипата на Пролет со скор од 6 победи, 1 нерешен натпревар и 1 пораз и со 13 освоени бодови.

По две седмици, на 14 или 15 ноември Вардар игра уште една дерби средба со екипата на Радовиш.

Од клубот ја истакнуваат благодарноста до градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева за поддршката што ја добиваат и со постигнатите резултати во целост ја оправдуваат.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости• Соопштенија
Известување !!!!