ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Бадникова поворка по улиците во Неготино

Бадникова поворка по улиците во Неготино

Денес, низ улиците на нашата општина, одекнува најубавата песна – песната на радоста, надежта и верата. Глетката на овие млади лица, на нашите бадникарчиња кои го најавуваат Христовото раѓање, ни ги исполнува срцата со посебна топлина.

Бадниковите поворки се повеќе од традиција. Тие се симбол на нашето заедништво и потсетник дека вистинските вредности – љубовта, солидарноста и меѓусебното почитување – се оние кои треба да ги негуваме во текот на целата година.

Како знак на благодарност за вашата песна, подготвивме скромни дарови за да ви го разубавиме овој ден.

Драги дечиња,
Вашата чиста искрена песна е најубавиот подарок за нашиот град. Нека оваа радост што ја ширите денес, ве следи во текот на целото детство.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email