Откако Министерството за внатрешни работи ги завршило техничките проверки и финалното тестирање на системот, од сабота 12.09.2026 г. и во нашата општина ќе започне да функционира ,, Безбеден град “.
Камерите ќе бидат активирани на сообраќајниците што ги покрива ОВР Неготино и ќе овозможат постојан надзор и навремено регистрирање на сообраќајните прекршоци.
Ова значи дека возачите на неготинските сообраќајници ќе бидат под засилена автоматизирана контрола, а системот треба да помогне во побрзо откривање на прекршоците, зголемување на сообраќајната дисциплина и намалување на ризикот од несреќи.
Се апелира до возачите на доследно почитување на сообраќајните правила и да ја приспособат брзината на условите на патот, бидејќи со активирање на системот и Неготино се приклучува кон градовите и патните правци што веќе се опфатени со системот.
