Денеска и утре Неготино е домаќин и партнер во реализацијата на одржувањето на патувачкиот дел на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ кој има за цел во помалите градови како Неготино да ја развива културата на младите кои имаат можност да се запознаат со вредностите на аудио визеулните уметности. Исто така, на забавен начин, преку дискусии за филмот, младите се поттикнуваат преку отворен разговор да ги развиваат своите способности за дебатирање и соочување со проблемите се кои се справува младата генерација. За значењето на настанот говореше извршниот директор на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ Дарко Башевски, а како градоначалник на општина Неготино со пригодно обраќање го прогласив фестивалот за отворен нагласувајќи дека преку овој фестивал како културен производ наменет за младите, очекуваме градење на естетските вредности за филмот и културата воопшто кај младите во општина Неготино и пошироко во Република Македонија. Инаку, фестивалот е наменет за младата публика со фокус на деца од 13 до 18 годишна возраст од средното училиште кои се љубители на филмската уметност.