ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Во Неготино се одржа првата ,, Промили ” трка со учество на над 330 учесници од Македонија

Во Неготино се одржа првата ,, Промили ” трка со учество на над 330 учесници од Македонија

Импозантна масовност со учество на преку 330 учесници од цела Македонија и различни возрасни категории, како и беспрекорна организација на целиот настан го одбележаа премиерното издание на трката ,, Промили ” која за прв пат се одржа во Неготино и се одвиваше долж улицата Маршал Тито во двата правци.

Сите пријавени учесници кои го зазедоа своето место на стартот на трката се морални победници независно дали се бореа за највисок пласман или трката ја истрчаа рекреативно.

Инаку, учесниците се натпреваруваа во 2 дисциплини и тоа на 5 и на 10 километри во зависност од физичката подготвеност.

За најдобро пласираните тркачи беа обезбедени и им беа доделени пригодни награди и признанија. Првата ,, Промили ” трка беше финансиски поддржана од општина Неготино и многубројни спонзори.

По завршувањето на натпреварувачкиот дел, на градскиот плоштад беше организирана забава за сите натпреварувачи и присутни граѓани која помина во пријатна и релаксирана атмосфера.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email