Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во организација и под покровителство на Општина Неготино, вчера (05.11.) на градскиот плоштад во Неготино се одржа првото издание на манифестацијата “Неготинско младо вино 2023”, која има тенденција да стане традиционална, а има за цел да го промовира неготинското младо вино. Во рамките на истата за учество беа поканети повеќе винарии од општината, како и производителите на маџун и мед, а беше промовирана и неготиската пита, како производ какратеристичен за нашиот град.

Во пријатна атмосфера беше понудена богата музичка програма во која учество земаа повеќе локални бендови и пеачи меѓу кои Дуо Фортисимо и Благица, Акустико лајт, Ексклузив бенд, Група чардак, Ѓоко Ѓорчев и Нели ти реков, Ориентал бенд и Три Гранде.  Истите околку 6 часа ги забавуваа присутните граѓани на градскиот плоштад кои имаа можност да ги пробаат одличните вина и други производи кои беа презентирани во рамките на манифестацијата.

Премиерното издание на “Неготинско младо вино 2023”, според реакциите на граѓаните помина одлично, а општина Неготино во наредниот период планира истата да стане традиционална.

Close Search Window