ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Во основните училишта во Неготино се одржаа работилници за непрофесионален филм

Во основните училишта во Неготино се одржаа работилници за непрофесионален филм

Врз основа на соработката помеѓу општина Неготино и Народна техника на Македонија, денеска во двете Основни општински училишта во градот „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ се одржаа одделни работилници за непрофесионален филм на кои градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше заедно со директорот на Народна техника Перо Митрев.

Работилниците беа наменети за учениците од основното образование и тоа во областа на филмот, фотографијата, иновациите, применети природни науки, применети технички науки и техничка култура. Учесниците на настаните имаа можност да ја проследат информацијата и презентацијата на Програмата на Народна техника на Македонија од страна на директпорот Митрев, се изврши проекција на непрофесионален филм и предавања за истиот, по што следуваа прашања и разговори со учесниците на работилниците.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email