Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На обуката се презентираа теми релевантни за надлежностите на локалната самоуправа во домен на социјална заштита и социјална инклузија, потребата од следење на состојбите со социјалните проблеми на локално ниво, координирано делување на релевантните институции на локално ниво во насока на спречување на социјалните проблеми и заштита на ранливите групи, со особен фокус на улогата на општината во превенирање на социјални проблеми и  воспоставување и поддршка на социјални услуги во соработна со граѓанскиот сектор.Седницата ја отвори претседателката на ОССЗ Неготино Аница Каранфилоска и обучувачот по социјални работи м-р Благородна Шопова.

Социјалната заштита е надлежност на локалната самоуправа согласно со Законот за локална самоуправа, а Законот за социјална заштита ја дефинира подетално улогата на општината во овој домен. Општина Неготино има изработено социјален план, кој претставува стратешки документ на општината, а редовно усвојува и годишна програма за социјална заштита. Општината има воспоставено и општински совет за социјална заштита кој претставува еден вид советодавно тело на општината во домен на социјална заштита и социјална инклузија. Општинскиот совет за социјална заштита е составен од претставници од најрелевантните институции: претставници на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, полиција, јавно обвинителство, образовни институции, здравствени институции, здруженија на граѓани и даватели на социјални услуги.

Обуката претставуваше можност за размена на видувања за постоечките социјални проблеми во општината, но и можност да се процени како постоечките ресурси да се насочат најефективно во насока на спречување на социјалните проблеми, како и обзбедување на социјални услуги за ранливите категории граѓани.

 

Close Search Window