Во организација на општина Неготино и Градскиот шаховски клуб “Неготино” од 12ти до 17ти април во нашиот град ќе се одржи деветото по ред отворено првенство во шах. На првенството се пријавени околу 30 шахисти кои според правилата на ФИДЕ, по швајцарски систем ќе одиграат вкупно 7 кола. Предвидено е да се игра темпо од 30 минути, со 10 дополнителни секунди по потег.
Распоред:
– Првите две кола на првенството беа одиграни вчера, 12 април
– Третото и четвртото коло на распоредот се денес, 13 април
– 5-тото и 6-тото коло ќе бидат одиграни во петок и сабота (14-15 април), а за понеделник е закажано последното коло од турнирот за кога е предвидено и доделувањето на наградите и затварањето на првенството.
Победник на овогодинешното отворено првенство на Неготино ќе биде шахистот кој од одиграните седум кола ќе освои најмногу поени. При делба на место, односно во случај на шахисти со ист број освоени поени се применува критериум “бухолц”. Вкупниот награден фонд изнесува 20.000 денари, а првата награда за најдоброт шахист на турнирот е во вредност од 7.000 денари. Покрај останатите, предвидени се и награди за најдобро пласираниот млад учесник (под 18 години) и најдобро пласираниот ветеран (над 65 години) кои учествуваат на турнирот. Дипломите и наградите на најдобрите шахисти на првенството ќе им ги додели покровителот на овој настан – градоначалникот