ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Градоначалничката Нацева го отвори турнирот во фудбал во Војшанци

Градоначалничката Нацева го отвори турнирот во фудбал во Војшанци

Во Војшанци започна одржувањето на традиционалниот турнир во мал фудбал ,, Илинден 2026 ” на кој учествуваат вкупно 14 екипи од нашата општина, но и од други општини во Македонија.

Генерален покровител на турнирот е општина Неготино, а вклучени се и други спонзори, при што е обезбеден награден фонд од 130.000 денари кои ќе бидат распределени врз основа на пласманот на екипите, а парични награди ќе добијат членовите на тимовите кои ќе се пласираат од прво до четврто место.

Отворајќи го турнирот градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева изрази надеж дека сите посетители ќе имаат можност да гледаат интересни и неизвесни натпревари и посака да победи најдобрата екипа. Инаку, турнирот ќе трае 10 денови и ќе заврши на 31-ви овој месец со прогласување на најдобрите и доделување на наградите.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email