ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Градоначалничката Нацева го посети првото новороденче во 2026 г. во Неготино

Градоначалничката Нацева го посети првото новороденче во 2026 г. во Неготино

Првото новороденче од општина Неготино во 2026 година и неговата мајка беа посетени од страна на градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева, при што Нацева истакна дека секој нов живот претставува благослов, најубав почеток и симбол на нова надеж.

Градоначалничката Нацева им ја честиташе приновата на родителите со желби за добро здравје, среќа и радост во семејството, додавајќи дека општина Неготино и таа како градоначалничка остануваат посветени на поддршката на родителите преку разни форми со цел за создавање на пристојни услови за сите семејства кои имаат новороденчиња.

Нацева посетата ја искористи да се заблагодари на д-р Борче Сиваков и неговиот тим од асистенти за посветеноста и грижата за секое новороденче и родилките на одделението.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email