ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Градоначалничката  Нацева додели 38 вредносни ваучери за новороденчиња во општината

Градоначалничката  Нацева додели 38 вредносни ваучери за новороденчиња во општината

Денеска во салата за состаноци на локалната самоуправа во присуство на голем број родители со принови во семејствата,  градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева им додели вкупно 38 вредносни ваучери во висина од 7.000 денари за новороденчиња од општина Неготино. Потребните финансиски средства во износ од 266.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а ваучерите се доделија за новороденчиња родени во првите три месеци од тековнава 2026 година ( јануари, февруари и март ).

Станува збор за финансиска поддршка која општина Неготино ја доделув во континуитет како поддршка за младите родители, а можноста да им се обрати, градоначалничката Нацева ја искористи да им ги честита приновите и на сите во семејствата да им посака добро здравје и среќа.. Родителите изразија благодарност за поддршката што ја добија од општина Неготино.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email