Како градоначалнича и како жена денес во Музејот на македонската борба за самостојност градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева беше активен учесник на глобалната женска лидерска конференција ЈАС СУМ ЖЕНА во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување ЈАС СУМ ЖЕНА.
Меѓу другото, Нацева беше и учесник и говорник на една од 5-те панел дискусии кои се одржаа на настанот чија главна цел е да им овозможи на жените од сите делови на државата да се поврзат, да учат и да напредуваат.
На конференцијата се одржаа пет панел дискусии посветени на Македонките во нетипични професии, успешни жени во бизнисот, Македонки кои живеат и работат во странство, меѓународна соработка меѓу женски организации и иницијативата ,, Мајките за Македонија “.
На панелите учествуваа претставнички од бизнис секторот, јавните институции, локалната самоуправа и женски организации од Македонија, Србија, Израел, Грузија и Азербејџан.
