ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Градоначалничката Нацева учествуваше на стартот на проектот „Везилка-од македонско знаење до глобална вештачка интелигенција“

Градоначалничката Нацева учествуваше на стартот на проектот „Везилка-од македонско знаење до глобална вештачка интелигенција“

На покана на организаторот на настанот, денеска учествував на свеченото отпочнување на проектот „Везилка-од македонско знаење до глобална вештачка интелигенција“ – настан на високо државно и европско ниво со присуство на претставници на Владата на Република Македонија, Европската унија, УКИМ, ФИНКИ, меѓународни организации и други.

Свое обраќање пред присутните имаше претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и други говорници.

Со оглед на фактот што локалната самоуправа претставува значаен чинител во одвивањето на процесите на дигитална трансформација и идната примена на решенија базирани на вештачката интелигенција, од особена важност беше присуството на градоначалниците од цела држава.

На настанот се одржа и панел дискусија на тема „Вештачката интелигенција како мотор за економски развој“ со учество на повеќе панелисти.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email