Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во Неготино се одржа четвртото издание на меморијалниот турнир „Илија Ѓорѓиев Манџата“ со учество на четири екипи од Македонија. Трофејот го освоија домаќините, Вардар Неготино откако во финалето го совладаа прволигашот Шампион со 25-19, а на полувремето имаа предност од 15-8. Во полуфиналните средби претходно Шампион го совлада кадетскиот тим на Тиквеш со 24-16, додека Вардар Неготино беше поуспешен од Бисинов со 21-19.
За најдобар голман на турнирот беше прогласен Даниел Ацев од Вардар Неготино, додека МВП односно најкорисен играч беше Ѓорѓи Орешков од домашниот тим. Сите екипи добија признанија и пехари кои како градоначалник на општина Неготино ги доделивме заедно со претседателот на Вардар Неготино,Ристо Трајковски. Во склоп на турнирот се одигра ревијален натпревар меѓу репрезентацијата на Македонија- ветерани и ветераните на Повардарие-Неготино.

Close Search Window