Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Од 12 до 17 април во нашиот град се одржа деветтото по ред отворено првенство во шах “Неготино Опен 2023”. Учесниците на првенството одиграа вкупно 7 кола по швајцарски систем. Победник на овогодинешното отворено првенство е Димитар Ставров кој во седумте одиграни партии освои вкупно 6 поени и ја освои првата награда во вредност од 7.000 денари. Второто место на турнирот со освоени 5,5 поени му припадна на Илија Ѓорѓиев, а третопласиран е Живко Наумовски кој ја освои третата награда во износ од 3.000 денари. Четвртопласиран беше Киро Камчев кој освои награда од 2.000 денари, а петтото место и наградата од 1.000 денари му припадна на Санде Атанасов.  Награди во висина од 1.000 денари добија и Ѓорѓи Темелков како најдобро пласиран млад шахист (под 18 години) и Васко Недев како најдобро пласиран сениор (над 65 години). Паричните награди ги обезбеди Општина Неготино, а на најдобрите учесници им беа доделени и дипломи за постигнатот пласман. Првенството помина во одлична организација на Општина Неготино и Градскиот шаховски клуб “Неготино”.

Close Search Window